Кинеските инвестиции во Македонија допрва ќе растат

Bez autora
Nov 06 2013

Македонија и Кина во иднина имаат сериозен потенцијал за продлабочување на соработката во туризмот, градежништвото, инфраструктурата, енергетиката, медицината, земјоделството, како и во нестопанските дејности како што е културата. Билатералните односи меѓу двете држави никогаш не биле поцврсти, а Кина досега повеќепати ја има покажано својата поддршка кон Македонија. Ова беше истакнато на дебатата на тема Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа - можност за стратегиско партнерство со Македонија". Министерот за надворешни работи Никола Поповски истакна дека Владата се посветила на сегменти во зголемувањето на соработката меѓу двете земји.

Кинеските инвестиции во Македонија допрва ќе растатМакедонија и Кина во иднина имаат сериозен потенцијал за продлабочување на соработката во туризмот, градежништвото, инфраструктурата, енергетиката, медицината, земјоделството, како и во нестопанските дејности како што е културата.

Билатералните односи меѓу двете држави никогаш не биле поцврсти, а Кина досега повеќепати ја има покажано својата поддршка кон Македонија.

Ова беше истакнато на дебатата на тема Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа - можност за стратегиско партнерство со Македонија".

Министерот за надворешни работи Никола Поповски истакна дека Владата се посветила на сегменти во зголемувањето на соработката меѓу двете земји.

- Едниот е економскиот, односно како можеме да ја направиме Македонија попозната за кинеските инвеститори, во делот на стратешката соработка што Кина ја планира со земјите од Централна и Источна Европа, каде што Македонија е една од 16-те земји, но со најнапредни проекти за реализација, а во вториот дел се посветивме на културната, научно-истражувачката и образовната соработка. Тоа што го споделивме како заклучок е дека постои нагорен тренд во сите сегменти и дека би сакале него да го засилиме како во билатералните така и мултилатералната, преку меѓусебна промоција на кинеско-македонската соработка, истакна министерот Поповски во своето воведно обраќање.

Според него, билатералните односи меѓу двете држави никогаш не биле поцврсти. Кина досега повеќепати има покажано искрена поддршка кон Македонија, во моментот на признавањето на Македонија под Уставното име, поддршката и соработката изразена преку низа проекти кои веќе се реализирани во Македонија, како и техничката помош на Кина што несебично е наменета за македонските граѓани, во делот на реновирање на училишта и донирање на компјутерска опрема.

- Одлуката за отворање на институтот Конфучиј во Скопје е уште една потврда на посветеноста на кинеската држава кон продлабочување на меѓусебните односи, нагласи Попоски.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Чуи Џивеи истакна дека Кина е заинтересирана за инвестиции во Македонија, единствен проблем им претставуваат визите кои мораат да го вадат за да дојдат во Македонија.

- Се уште постојат некои потешкотии, но мислам дека брзо ќе ги решиме, прв ваков проблем е добивањето македонска виза, многу кинески компании се жалат дека мораат да чекаат долго време за виза за Македонија и постои компаративно висок процент на одбивања за патници од Кина, се чини дека е потешко да добијат македонска отколку Шенген-виза, посочи Чуи Џивеи.
Според кинескиот амбасадор Џивеи, Македонија има многу предности меѓу кои и нејзината геостратешка политика и добрата локација.

- Многу кинески претпријатија ја сметаат Македонија како мост кон Европа, истакна Џивеи.

Тој потенцираше дека Македонија е во срцето на Европа, каде што се пресекуваат Коридорот 8 и Коридорот 10. А главна улога за инвестирање на Кинезите во Македонија играат улога и многуте потпишани договори за слободна трговија на Македонија со многу земји од Европа и пошироко.

Се дебатираше и за присуството на македонски производи на кинескиот пазар, кој нуди бројни можности за проширување на деловните активности, освен од аспектот на извоз на одредени производи како на пример виното или тутунот, кои веќе се извезуваат во Кина, а по кои е позната нашата држава. Министерот без ресор задолжен за привлекување странски директни инвестиции, Џери Наумоф посочи на поволните услови кои ги нуди Македонија за инвестирање во земјата и оти економска зона само за кинески компании ќе биде одлична можност каде што тие ќе можат да ги претстават своите производи во Европа и пошироко.

- Отворањето бизнис во Македонија има три важни предности и тоа нуди одлични олеснувања, квалитетна работна сила и одлична локација, изјави Наумоф.

Досега Македонија има остварено доста соработки со Кина и тоа во областа на ветеринарството, медицината и многу други. Имено, во 2012 година Кина беше прогласена за најголем партнер на Македонија во делот на трговските размени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik